Бизнис

(ВИДЕО) Македонија доби вагон кој може да достигне 160 километри брзина

Вагонот има 11 купеа и има 66 седишта

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека вработените во Македонски Железници успеале да обноват стар вагон кој влегува во сообраќај.

 

,,Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај”, информира Николовски.

Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час, а најчеста дестинација ќе биде Велес и Гевгелија.

 

,,Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници”, напиша вицепремиерот.

 

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F949673037861680%2F&show_text=false&width=560&t=0″ width=”560″ height=”314″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

To top