Бизнис

(Видео): Над 2.000 денари бруто – Дурмиши кажа за колку точно се зголемува минималната плата

Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13% поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите, тврди министерот за економија, Бесар Дурмиши. Во потрошувачката кошничка изработена од Владата, како што изјави денеска Дурмиши, опфатени се 101 производ и таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство.

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето. Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто, односно за 1.667 денари нето.

Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз јасно утврдена формула, 50 отсто од порастот на просечната нето плата исплатена од минатата година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците за живот според официјалните податоци од Ддржавниот завод за статистика. Според објавените податоци, просечната исплатена нето плата бележи пораст од 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1 процент.

Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13% поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите, тврди министерот за економија, Бесар Дурмиши. Во потрошувачката кошничка изработена од Владата, како што изјави денеска Дурмиши, опфатени се 101 производ и таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство.

  • Речиси 13% оваа потрошувачка кошничка е поевтина од онаа што ја објавува ССМ. Нивната не е минимална кошничка – имаат ставено производи што во временски период не се трошат, имаат ставено ставка за кирија, а според пописот, 90% од населението има сопствен дом. Нивната кошничка не е реална, туку направена од тројца професори, кои самите кажуваат дека тоа не е минимална кошничка – рече Дурмиши одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Економско-социјалниот совет.

Кошничката изработена од Владата денеска беше презентирана пред ЕСС, но за неа имало одредени забелешки, од, како што рече Дурмиши, технички карактер, но имало и предлози што ќе се разгледаат и на следната седnица на ЕСС, која се планира да се одржи до крајот на месецот, повторно ќе биде разгледана.

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

To top