Бизнис

(Видео): Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори и за зголемени плати во повеќе сектори, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Денеска сме должни да ја поставиме целосната слика, а не само дел од неа и затоа изминатите денови директно, со докази, покажавме што е разликата помеѓу нас и останатите, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

  • Кога бевме опозиција застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст на платите и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени. Тогаш, заедно со синдикатите, поднесовме над 40 амандмани и го спречивме тој обид. Не дозволивме минималната плата да биде отстранета од системот. Тоа е причината зошто денес, кога расте минималната плата, растат и останатите примања – рече Стојановски.

Разликата денеска е суштинска, додаде тој.

  • По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори. Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари. Во основното и средното образование обезбедивме раст од 46% до 60% во четиригодишен период. Во високото образование зголемувањето е минимум 14%. Во здравството од 40 до 50% во еден мандат. Полициските службеници добија 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административци, судски и обвинителски службеници имаат гарантирано покачување од 40% до 2028 година – посочи Стојановски.

Сите колективни договори се испочитувани, додаде тој, а платите се исплаќаат редовно.

  • Инфлацијата е стабилизирана од двоцифрени стапки на едноцифрена стапки на инфлација. Ова се системски решенија, не се импровизации. Оваа Влада вака го реализира договорот со работниците – рече пратеникот.

Ние, посочи тој, не бегаме од дијалог за минималната плата, но решенијата мора да се носат институционално, во Економско-социјалниот совет, со одржлив пристап што ја штити и економијата и буџетот.

  • Кога сме во опозиција – спречуваме штета. Кога сме на власт – обезбедуваме раст. Работниците заслужуваат сигурност, договор што важи и политика што носи резултати – рече пратеникот Бојан Стојановски.

 

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top