Бизнис

Владата очекува нормализација на инфлацијата под 3%

Премиерот оцени дека со домаќински политики од една хаотична ситуација, распаднати институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани.

Инфлацијата ќе се стабилизира и годинава стапката ќе се спушти под три проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски.

  • „Оваа година очекувам да се стабилизираме под 3 проценти да бидеме со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде, нешто можеби под или над 3 проценти, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво“, рече премиерот.

Државата е консолидирана, вели Мицкоски, затоа сега треба да се равива:

  • „Водиме домаќински политики, водиме политики коишто се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме досега, во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднати институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква каква што ја посакуваат сите граѓани“, додава Мицкоски.

 

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

To top