Бизнис

Во Србија поставени првите цевки од гасоводот кон Македонија

Српскиот дел од гасоводот ќе биде долг 147 км, а новата гасна интерконекција е планирано да биде завршена во 2028 година

Во Врањска Бања почна и практичната реализација на капиталниот инфраструктурен проект меѓу Србија и Македонија со пристигнувањето, заварувањето и поставувањето на првите цевки од гасоводот меѓу двете соседни земји.

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ, која присуствуваше на настанот, истакна дека дел од цевките за првите 20 километри од гасоводот е пристигнат и оти е потребно да се забрза експропријацијата на трасата по која ќе поминува тој.

Според неа, вкупната должина на гасоводот на територијата на Србија ќе биде 147 километри, а трасата ќе се протега од Орљани, преку Лесковац и Врање, до границата со Македонија.

Вкупно 153 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградбата на овој гасовод, со сите објекти што ги вклучува, а неговиот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, прецизира таа.

Новата гасна интерконекција е планирано да биде завршена во 2028 година, и во Србија и во Македонија. Новиот гасовод ќе биде поврзан со изворите на гас што стигнуваат до Грција преку гасната интерконекција Македонија-Грција, која е во изградба и ќе биде завршена во 2027 година.

Најнови вести од: Бизнис

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

To top