Бизнис

За помалку од една година клуч на врата за десетина конфекции, текстилната индустрија пред колапс

Многу е тешко македонската текстилна индустрија во ек на три последователни кризи да најде нови земји каде што ќе извезува и затоа се повеќе сопственици се одлучуваат да ги затворат фирмите и да го вложат капиталот во нешто друго, најчесто во недвижнини во странство.

Годишниот пад на текстилната индустрија пред коронакризата изнесуваше 2%, но по 2020 година текстилната индустрија нагло паѓа., годишно за 5 до 6%. За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работовачи. Тој посочува дека сите се во источна Македонија, а причината е намалувањето на порачките од страна на странските партнери.

  • Јас немам точен податок, но од она што ми го кажуваат колегите, на околу десеттина конфекции им е ставено клуч на врата. Сите се речиси од источниот дел, и тие што не затвараат ги намалуваат работниците, особено со заминување на постарите работници во пензија и немат намера да вработат нови луѓе и да ја одржат дејноста на она ниво што било порано, вели Димитров.

Тој посочува дека текстилниот сектор изминатите години преживеа три кризи, по што се намалија и  налозите од традиционалните германски партнери. Димитров вели дека во моментов македонските текстилни конфекции работат на помали налози, бидејќи токму овие налози конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. Во оваа индустрија останаа да работат 25 000 работници.

  • Од 2010 па наваму производството на облека се наоѓа во постојано опаѓање на бројот работниците, а со тоа опаѓа и бројот на работници и извозот. После корона кризата тоа опаѓање се засили, особено дојде до израз со проблемите  што ги има германската економија, како наш најголем партнер.  Почетокот на војната во Украина и енергетската криза, тоа предизвика пад на побарувачката на текстилни производи во Германија, што директно влијеше на работењето на нашите конфекции, изјави Димитров.

Според него, многу е тешко македонската текстилна индустрија во ек на три последователни кризи да најде нови земји каде што ќе извезува и затоа се повеќе сопственици се одлучуваат да ги затворат фирмите и да го вложат капиталот во нешто друго, најчесто во недвижнини во странство.

  • Нашиот германски партнер веќе работи во 3 фабрики во Бангкок, каде што му е далеку поевтино производството од овде. таму платите се 200 долари, а кај нас 800 евра – вели Димитров.

Тој вели дека во моментов во мирување се седниците на Економски-социјалниот совет, последната ја имале во август, а очекува да продолжат по изборите, на коишто ќе ги презентираат своите барања како работодавачи.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top