Безживотно тело на маж утрово било пронајдено во близина на надвозник кај скопското село Смилковци утрово.
Телото било забележано во близина на автомобил, а засега не се познати околностите под кои настапила смртта, дознава Плусинфо
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 6:15 часот, откако било забележано лице без знаци на живот.
Според неофицијални информации, станува збор за 38-годишен маж, жител на населено место од скопскиот регион.
Засега нема информации за околностите под кои настапила смртта, ниту дали на телото биле забележани видливи повреди.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и преземањето на потребните дејствија од надлежните институции.