Хроника

Албански медиуми: мафијашка уцена на сопственик на локал во Добарце, Тетовско, „да исплати 250 илјади евра, или ќе се соочи со последици“?!

Д.Ф. (51), жител од тетовското село Добарце, пријавил во полиција дека добил сериозни закани и барање за исплата на 250 илјади евра. Во спротивно, ако не го стори тоа, како што било наведено, „ќе се соочи со последици“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Без цензура“.

Натаму, порталот пишува: Од СВР Тетово информираат дека денес, на 23 јуни 2026 година по полноќта во Полициското одделение Групчин, Д.Ф. пријавил дека претходната вечер, околу 22 часот неговиот соселанец Р.И., кој привремено престојува во странство, дошол во неговиот угостителски објект заедно со уште едно лице.

Според пријавата, Р.И. преку синот и зетот на сопственикот, кои работеле во објектот, упатил закани и побарал во рок од една седмица да му бидат исплатени 250 илјади евра. Биле упатени закани дека „ќе се соочи со последици“, ако не бидат исплатени парите.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top