Хроника

Д.М.(74) и сопругата правеле ајвар, потоа предизвикале пожар во Горно Соње, од што е опожарена викенд-куќа!

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во него најверојатно имало жар.

Според информациите на МВР, вчера околу 20 часот часот во полиција е пријавено дека во село Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева.

„Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот“, велат од МВР.

Повредени лица нема. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

Најнови вести од: Хроника

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top