Хроника

Еј, браво: Летал со 204 км/час

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, управувал автомобил „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина речиси двојно поголема од дозволената

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил фатен како вози со дури 204 километри на час на автопатот А1, на делницата кај клучката Смоквица, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот со иницијали Ж.Д. бил запрен во средата околу 21:26 часот од полициски службеници од ОВР Гевгелија, кои при сообраќајна контрола со радар утврдиле дека управува автомобил „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина речиси двојно поголема од дозволената.

По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, кривично дело предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top