Хроника

Јотова виде напад над бугарската држава (ВИДЕО)

Се надевам дека моите колеги европратеници ќе можат да зборуваат за вчерашниот инцидент, истакна Јотова, пренесува БГНЕС

Палењето на дипломатските автомобили – ова е сопственост на бугарската држава, јас го сфаќам како напад против Бугарија. Ова го изјави претседателката Илијана Јотова, пренесе БГНЕС.

Вели дека имала сигнал од европратениците дека во последен момент на пленарната седница ќе се обидат да отстранат еден од текстовите што директно се однесува на работата на заедничката комисија според член 12 од Договорот за добрососедство и со тоа да ја направат нејзината работа и нејзините заклучоци бесмислени во иднина. Колку што знам, во моментов се водат консултации во различните пратенички групи.

Се надевам дека моите колеги европратеници ќе можат да зборуваат за вчерашниот инцидент, истакна Јотова, пренесува БГНЕС

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

To top