Хроника

Карамбол во Шутка: Излетал со автомобил, покосил пешак, па влетал во двор

Извршен е увид од увидната екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23 јули 2026 година, околу 22:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Вашингтонска“ во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи со патничко возило „БМВ“ со белгиски регистарски ознаки, изгубил контрола врз возилото.

Тој удрил во ограда на двор, потоа во пешакот Ј.Д. (44) од Скопје, а потоа и во две паркирани возила во дворното место – „Фолксваген Пасат“ и „Опел“, и двете со скопски регистарски ознаки, кои припаѓале на пешакот Ј.Д.

Во сообраќајната несреќа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот Р.О. претрпел телесни повреди. Повредените се згрижени во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ и Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидната екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top