Хроника

Македонска државјанка приведена на ГП Ѓуешево, криела 89.000 евра

Четириесетгодишната жена се обидела да ги изнесе од Бугарија евробанкнотите залепени со селотејп под облеката

Бугарската гранична полиција приведе државјанка на Република Македонија, откако кај неа биле најдени скриени 89.000 евра.

Четириесетгодишната жена на 29 август пристигнала со патнички автомобил „фолксваген“ на граничниот премин Ѓуешево за излез од Бугарија.

Граничните полицајци и цариниците извршиле заединичка проверка, при што нашле скриени банкноти залепени со селотејп под нејзината облека.

Против неа е поведена итна постапка и таа е притворена.

Најнови вести од: Хроника

(Фото): Малолетник со возило удрил во друг автомобил и пешак кој се бори за живот в болница

Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот.

To top