Хроника

Малолетник од само 13 години, прободел тројца со нож

Повредните тројца се на возраст од 13, 16 и 19 години. 13-годишниот е во критична состојба, а тешко е повреден и 19-годишниот И.З.

Полицијата денеска уапси 13-годишник кој синоќа со нож избол 3 лица при тепачка во Чаир.

Повредните тројца се на возраст од 13, 16 и 19 години. 13-годишникот е во критична состојба, а тешко е повреден и 19-годишниот И.З.

Приведен е и 19-годишниот Б.И., кој учествувал во тепачката.

„На 1.9.2026 година полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13-годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.8.2026 околу 22 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна. Притоа 13-годишникот, кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда“, соопшти полицијата.

Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, се додава во соопштението од МВР.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top