Хроника

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, едно во Велес, едно во Демир Хисар и по едно во Охрид и Тво етово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, по еден возач во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и две лица во Прилеп, управувале возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – се додава во соопштението на МВР.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top