Хроника

МВР за шокантниот случај: 15-годишниот гостиварец цела година ја вознемирувал 13-годишната сестра, а пред 3 месеци ја силувал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за подготвителна постапка и предлог за притвор за 14-годишно дете, поради основано сомневање дека извршило продолжено кривично дело родосквернавење.

Според истрагата, малолетникот во текот на февруари годинава во два наврати ја искористил отсутноста на родителите во домот и извршил обљуба врз својата 13-годишна сестра. Обвинителството наведува дека тој подолг период ѝ испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина, а потоа со присила ја натерал на сексуални односи против нејзината волја.

Полицијата го привела малолетникот вчера наутро во присуство на социјален работник, постапувајќи по претходна пријава за случајот. Во изјавата дадена пред претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, жртвата рекла дека сексуалното вознемирување започнало пред околу една година со пораки, а подоцна продолжило со физички допири. Според нејзиниот исказ, пред три месеци братот со употреба на физичка сила извршил полово дејствие врз неа.

Обвинителот достави предлог за притвор до Основниот суд во Гостивар, сметајќи дека оваа мерка е неопходна за заштита на жртвата. Девојчето веќе е предадено на грижа на Центарот за социјални работи за понатамошна заштита и стручна помош.


Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top