Хроника

Носеле ќеса марихуана, па нападнале полицајци

Полициските службеници го забележале М.К. како фрла кеса со марихуана но при обид да извршат службени проверки, тој, нападнал полициски службеник и се обидел да избега, но бил совладан и приведен

Двајца жители на Скопје се приведени вчера по полноќ на улицата „Индира Ганди“, откако едниот од нив фрлил кеса со марихуана, а при полициска интервенција нападнал полициски службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, околу 1:30 часот вчера, биле лишени од слобода М.К. (30) и А.М. (40), двајцата од Скопје.

Полициските службеници го забележале М.К. како фрла кеса со марихуана. При обид да извршат службени проверки, тој, според МВР, нападнал полициски службеник и се обидел да избега, но бил совладан и приведен.

Во меѓувреме, А.М., според полицијата, се обидел да ги спречи полициските службеници да го приведат М.К., по што и тој бил лишен од слобода.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top