Хроника

Пијан скопјанец ја претепал партнерката, ја давел и ѝ се заканувал со нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – телесна повреда и загрозување на сигурноста според Кривичниот законик. На 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во домот во Гази Баба во кој таа привремено престојувала. Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а и се заканил и со нож со кој замавнал кон неа.

Жената успеале да ја спасат двајца други потстанари во истата куќа, кои ја извлекле и повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска.

Основното јавно обвинителство Скопје предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.

Најнови вести од: Хроника

To top