Хроника

Полицијата приведе шестмина, пронајдени пиштоли, пушка и муниција

По видеото од Добридол што се прошири на социјалните мрежи, полицијата изврши претреси на повеќе локации, одзеде оружје и најави кривични пријави

Во координирана акција на полициски службеници од СВР Тетово, синоќа беа извршени претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, едно лице е повикано на службен разговор, а пронајдени и одземени се повеќе парчиња оружје и муниција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при претресите кај неколку лица биле пронајдени гасен пиштол, пиштол со осум куршуми, ловна пушка со седум куршуми, како и 30 куршуми за гасен пиштол. Во дворот на еден од осомничените биле пронајдени и 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје.

Во рамки на акцијата биле лишени од слобода Б.А. (46), неговиот син М.А. (21) и Т.М. (26), додека претходно биле извршени претреси и кај уште неколку лица од селото Добридол. Едно лице било повикано на службен разговор.

Сите приведени се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува дека против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Објавената снимка од пукањето на семејната веселба предизвика бројни реакции во јавноста, по што полицијата експресно презеде мерки за расчистување на случајот.

 

Најнови вести од: Хроника

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top