Хроника

Приведени 8 лица, меѓу нив и малолетници: тепале жена и маж пред нивните мали деца!

На 3 мај вечерта во Скопје, на подрачјето на Центар, полицијата ги лиши од слобода Р.М.(19), Ј.А.(18), М.Ј.(24), Е.А.(19), Н.Ј.(38) и тројца малолетници на возраст од 17-години, сите од Скопје.

Приведени се постапувајќи по претходна пријава дека околу 22 часот физички ги нападнале Д.М.(22) и нејзиниот сопруг Р.Р., кои биле заедно со нивните две малолетни деца.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top