Дваесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била допирана по телото и вознемирувана во приватна здравствена установа. Пријавата е поднесена синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје.
Според наводите на жената, инцидентот се случил во приватна здравствена установа на подрачјето на Карпош, каде што Д.Н. ја допирал по телото и ја вознемирувал.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Дополнителни детали засега не се објавени.