Хроника

Со искази на вештаци продолжи судењето на Ива Михаилова 

Обвинета за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици

Во кочанскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процец во кој на обвинителна клупа е Ива Михаилова од Кочани, поради сторена сообраќајна несреќа со смртни последици.

Искази даваа вештаците за несреќата, а судницата повторно беше преполна со политичари од Бугарија и роднини на Михаилова, која тврди дека поради нејзиното двојно државјанство македонско и бугарско е дискриминирана од македонските власти и не и дозволуваат да се лекува надвор од Македонија.

Несреќата се случи лани во октомври во која едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа ја отфрла вината за несреќата и тврди дека не настанала по нејзина вина.

Михаилова доби поддршка од бугарските пратеници откако ѝ беше одбиено барањето да ѝ бидат вратени личните документи, кои и се одземени како мерки на претпазливост, за да може да се лекува надвор од Македонија.

Нејзиното барање беше одбиено од Основниот суд во Кочани на почетокот на август, а подоцна одлуката ја потврди и второстепениот суд Апелацискиот во Штип.

Најнови вести од: Хроника

To top