Хроника

Стоматолог од Гостивар меѓу тројца осомничени за корупција за полагање стручен испит

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица: А.Т.(27) од Битола, поради постоење основана сомнеж за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, С.Ч.(56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ и С.Е.(63) од Скопје за „примање поткуп“.

Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршени биле претреси кај второ и третопријавениот. Притоа биле пронајдени и одземени 65.280 евра, 29.840 франци и 161.500 денари.

„Пријавената А.Т. како студент на Стоматолошки факултет со намера да се стекне со уверение за положен стручен испит на здравствени работници со високо образование од стоматологијата, во декември 2025 година по повеќекратна комуникација преку на платформата вибер, на пријавениот С.Ч., професор на Стоматолошки факултет и поранешен Потпретседател на Стоматолошка комора му дала пари како награда, кои му ги префрлила на неговата банкарска трансакциска сметка. Пари му биле дадени на С.Ч. за да изврши влијание кај пријавениот С.Е. во својство на претседател на Комисијата за полагање стручен испит на здравствени работници со високо образование од стоматологијата при Министерството за здравство. Притоа пријавената А.Т. во декемвриска испитна сесија полагала на 17.12.2025 пред формираната комисија и без да го поседува потребното знаење се стекнала со уверение за положен стручен испит.“ –  информира МВР.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

Најнови вести

To top