Хроника

(Видео): Надзорна камера го сними обидот за убиство на д-р Зеќирија Шахини

Снимка од безбедносна камера го открила моментот на нападот во Куманово, напаѓачот е сам, а жртвата се опоравува од повредите.

Снимка од безбедносна камера, објавена од телевизијата „21“, ја прикажува целата сцена на вооружениот напад што се случи попладнево во Куманово. На видеото се гледа како напаѓачот, облечен во качулка, се доближува до автомобилот со кој се возел д-р Зеќирија Шахини – носител на листата на ДУИ за советот на Општина Липково – и неколкупати пука кон него.

Наспроти првичната информација од МВР дека нападот го извршиле двајца напаѓачи, снимката покажува дека пукачот бил сам.

https://www.facebook.com/watch/?v=2991584567716606

Докторот Зекирија Шаини, кој беше повреден во оружен инцидент во Куманово, е во стабилна состојба, а повредите не се животно загрозувачки, информираа денеска од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство велат дека докторот веќе е во фаза на заздравување. Од Министерството најавуваат целосна поддршка за Шаини додека трае неговата рехабилитација.

Министерството категорично го осудува секое насилство врз здравствените работници и нагласува дека нивната безбедност е приоритет.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

Најнови вести

To top