Хроника

Во Копаница, Скопско, пронајдена мртва жена (37) со прострелна рана во главата! Сопругот е приведен и одреден му е притвор!

Жена на 37-годишна возраст е пронајдена почината во скопското село Копаница со прострелна рана во главата, соопштија надлежните по извршениот увид на местото на настанот. Во близина на телото во скопското село Копаница, бил пронајден пиштол „Глок 19“, кој, според првичните информации, бил сопственост на нејзиниот сопруг.

Случајот го истражуваат јавен обвинител од ОЈО и екипи на МВР, кои веднаш по пријавата пристигнале во селото и извршиле увид. По наредба на обвинителството, телото е дадено на обдукција, а паралелно се собираат докази за целосно расчистување на случајот.

Сопругот на починатата е приведен од страна на полицијата, а против него е покрената истрага за недозволено поседување оружје. Судот веќе му одредил притвор. Истрагата продолжува, за да се утврдат сите околности под кои се случила трагедијата.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top