Хроника

Второто тело во автомобилот во Богданци е на 17-годишна девојка?! Виктор Г. (21), обесениот покрај возилото, бил пријавуван и апсен за насилство?

Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во која беа пронајдени две безживотни тела, упатуваат на убиство и самоубиство, потврдија од Јавното обвинителство. Седумнаесетгодишната девојка, за која неофицијално се дознава дека е пронајдена мртва во опожарениот автомобил, претходно имала судска заштита од своето момче, 21-годишниот Виктор Г., кој беше пронајден обесен покрај возилото. Ова го објави порталот „Скопје 1.“.

Натаму порталот пуишува: „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, велат од Обвинителството.

Според сознанијата на Скопје1, судот претходно му изрекол мерки за заштита од семејно насилство на 21-годишникот, вклучително и забрана да ѝ се приближува и да ја вознемирува малолетничката. Трагедијата се случила додека овие мерки сè уште биле во сила.

На 16 октомври Основното јавно обвинителство Гевгелија примило пријава за загрозување на сигурноста на девојката. Според информациите до кои дојде редакцијата, обвинителството започнало со постапување, биле определени датуми за распит на пријавителката и пријавениот, а биле дадени и наредби за вештачења.

Паралелно со оваа постапка, малолетничката водела и граѓанска постапка за заштита од семејно насилство, во која биле изречени заштитните мерки.

Според извори запознаени со случајот, постојат сомнежи дека 21-годишникот ја чекал девојката пред теретана во Гевгелија, по што насилно ја внел во автомобил и ја однел во правец на Богданци.

Овие информации засега не се официјално потврдени. Обвинителството соопшти дека се обезбедени снимки од видеонадзор, но не прецизираше што е забележано на нив.

Претходно, МВР потврди дека Виктор Г. бил лишен од слобода по пријава дека на 30 септември физички ја нападнал својата 17-годишна девојка во неговиот дом. За случајот бил известен јавен обвинител.

Девојката им раскажувала на блиски пријатели за закани и за наводен напад со нож, од кој, според нејзините тврдења, успеала да избега преку прозорец.

На 3 ноември, во 18:40 часот, полицијата добила пријава за опожарен автомобил кај местото „Ичева чешма“ во Богданци. Покрај возилото било пронајдено безживотното тело на 21-годишникот, а по локализирањето на пожарот во автомобилот било откриено уште едно опожарено тело.

По наредба на обвинител, телата се предадени на обдукција за утврдување на причините за смртта и официјална идентификација.

Иако првичните индиции на Обвинителството упатуваат на убиство и самоубиство, конечните околности сè уште се утврдуваат. Засега не е официјално соопштено кој го предизвикал пожарот, како настапила смртта на двете лица и што точно се случувало непосредно пред трагедијата.

Случајот отвора и прашања за спроведувањето на претходно изречените судски мерки, особено дали надлежните институции имале сознанија за евентуално нивно прекршување и дали биле преземени сите предвидени мерки за заштита на малолетничката. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Хроника

Е.С. (27) од Арачиново со товарно возило удрил во возило на МВР, па нападнал полицајци!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е. С. (27) од с. Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Прифатена гаранција од 1,1 милион евра и укинат притвор за Перпарим Бајрами од Лотарија, притворот истекува за 5 дена

Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1.140.781 евро во недвижен имот.

А.И. (53) пријавил во полиција дека не добил помош од дежурен лекар во Ургентниот центар во Гостивар, иако имал болки, и бил отстранет со обезбедување!

Како што соопштија од СВР Тетово, А.И. (53) од Гостивар вчера во 00:30 часот го пријавил случајот во Полициската станица во Гостивар.

Најнови вести

To top