Хроника

Запалено возило на паркинг близу Бит Пазар

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Педесет и деветгодишен жител на Скопје пријавил дека му било запалено патничкото возило на паркинг простор во близина на Бит Пазар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била поднесена во раните утрински часови, на 28 мај во 02:53 часот, во СВР Скопје.

Според пријавата, непознати сторители со запалива течност ја полеле задната десна страна од возилото „Ситроен Берлинго“ со скопски регистарски ознаки, при што било запалено задното десно тркало.

Пожарот бил забележан и изгаснат од соседите пред да се прошири на останатиот дел од автомобилот. Полициските службеници извршиле увид на местото.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top