Македонија

Хрисохоидис: Добивме поплаки, но мора да се спроведе целосно системот за биометриска регистрација, ЕУ инсистира на тоа!

„Мора да ја спроведуваме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена.“ – посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини. Тој нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од С.Македонија и Србија.“ – јави Македонската информативна агенција-МИА од Атина.

Мицкоски: Ќе оствариме сѐ од реформската агенда, освен промена на Уставот! Ќе ги изолираме опозицијата и нејзината кампања за тоа!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред и оние, кои се сметаат како предводници. Тој очекува остварување побрза и поголема правда одошто порано, затоа што, како што рече, и граѓаните не се задоволни од спора правда. – Се разбира дека не само јас и граѓаните, Ќе се согласиме сите дека правдата е премногу бавна, или воопшто ја нема, и оти не сме задоволни. Поврзано со остварувањето на правдата очекувам во периодот кој следи побрза и поголема правда одошто порано. Имаме околу 120-130 ревизорски извештаи на институции доставени до обвинителството, барем ревизорите велат дека констатирале многу незаконитости, очекувам барем врз основа на тие ревизорски извештаи да се постапува и да се оствари правда, изјави Мицкоски, одговарајќи на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Кос: На ЕУ ѝ треба „поинаков систем“ за проширување, но не и попуштање околу владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата

Европската комесарка за проширување Марта Кос за денешното издание на „Фајненшел тајмс“ оцени дека Брисел мора да биде иновативен, нагласувајќи дека без оглед на можната реформа на проширувањето, нема попуштање кога станува збор за основните принципи и стандарди, поврзани со владеењето на правото, независноста на правосудството и корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Исто како Заев, и Филипче е спремен за нови отстапки кон Бугарија

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија

To top