Македонија

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново

Знамето е оштетено.

Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го однесе државното знаме од јарболот на градскиот плоштад. Од Општина Куманово денеска информираа дека знамето е пронајдено и преземено од страна на кумановската полиција.

– Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме – изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис Јаневска.

Поставувањето на новото државно знаме се очекува откако ќе биде доставено од надлежната владина служба.

(MИА)

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top