Македонија

Продолжува нестабилното време – грмежи, дождови, можно невреме

Стабилизација на времето се очекува во четврток, кога ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер

Според прогнозата на УХМР, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но во делови од земјата ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на изолирано невреме со град.

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува од северен правец. Во западните делови ветерот ќе биде слаб до умерен, со повремени засилувања од западен правец.

Утринските температури ќе се движат од 10 степени во Маврово до 20 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе бидат од 27 до 32 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во делови од Скопската Котлина можна е нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степен.

Стабилизација на времето се очекува во четврток, кога ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер.

 

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top