Македонија

Трамп сака Џани Инфантивно да биде нов генерален секретар на ОН

Мандатот на актуелниот ген-сек на ОН, Антонио Гутереш, истекува во декември

Трамп верува дека Инфантино е „почитуван од сите низ целиот свет“ и има „посебна способност да ги зближува луѓето“, пишува британски Телеграф, повикувајќи се на извор близок до американскиот претседател.

Инфантино (56) и Трамп се зближија за време на подготовките за Светското првенство, кое САД го организираа заедно ова лето. Нивниот однос датира од 2018 година и времето на кандидатурата на САД за домаќин на првенството, кога Трамп го угости Инфантино во Белата куќа.

Поранешниот генерален секретар на УЕФА, кој е Швајцарец по националност, вложи значителни напори да се зближи со Трамп. Во декември минатата година, тој му ја додели првата награда за мир на ФИФА, всушност измислена само за Трамп, и тоа откако Трамп не ја освои Нобеловата награда.

Инфантино исто така привлече критики од јавноста за време на летниот турнир. Имено, по интервенцијата на Трамп, ФИФА го поништи црвениот картон на американскиот напаѓач Фоларин Балогун.

Порано оваа година, Инфантино учествуваше на состанок на Комитетот за мир на Трамп. Во таа прилика, како дел од пакетот за помош вреден седум милијарди долари, тој вети дека ќе изгради нов стадион, ФИФА Академија и повеќе фудбалски игралишта во Газа.

Поради блискоста со Трамп, организацијата за човекови права „Фер Сквер“ поднесе жалба до етичкиот комитет на ФИФА минатиот декември. Тие го обвинуваат за постојано кршење на кодексот на политичка неутралност, наведувајќи ја неговата јавна поддршка за „дејствијата и политиките“ на Трамп како пример.

Неговите јавни гестови вклучуваат давање подарок на Трамп на ждрепката за Светското првенство – златен трофеј со неговото име на него и медал што го стави околу вратот. Потоа, американскиот претседател остана на сцената за време на прославите на шпанската репрезентација, на која претходно ѝ го врачи победничкиот трофеј.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top