Свет

Бугарската ИТН бара смена на известувачот на ЕП за Македонија

Партијата на шоуменот Слави Трифонов, „Има таков народ“ (ИТН) е загрижена за тоа што се случува во Европскиот парламент во врска со напредокот на Република Македонија кон членство во Европската Унија, јавуваат бугарски медиуми. Известувачот Томас Вајц е од групата на Зелените и Европската слободна алијанса – партијата која, според ИТН, зазема антибугарска позиција. Во […]

Сиљановска Давкова во Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката на Македонија од денеска престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што […]

СЗО бара „милост“ од Израел за Палестинците

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа и инсистираше дека мирот е во интерес на Израел. Во емотивна интервенција на годишното собрание на СЗО вчера, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека навистина е погрешно да се користи храната и лековите како оружје. Обединетите нации вчера почнаа со […]

Унгарија може да остане без право на глас во ЕУ!?

Советот на Европската Унија ќе разговара за повлекувањето на правото на глас на Унгарија во ЕУ на 27 мај, според агендата на состанокот. Советот ќе разговара за можноста за примена на член 7 од Договорот за ЕУ ​​врз Унгарија, кој дозволува земјата да биде лишена од правото на глас во ЕУ доколку постои ризик од […]

Смртна казна му се заканува на убиецот на Израелците во Вашингтон

Министерството за правда на САД подигна обвинение против Елијас Родригез од Чикаго, Илиноис, осомничен за убиство на двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон, и му се заканува со смртна казна. Осомничениот е обвинет за убиство од прв степен, убиство на странски службеници, предизвикување смрт на лице со огнено оружје и употреба на огнено оружје […]

Лажен „лекар“ од Македонија зел 270.000 евра од 8 хрватски семејства

26-годишен измамник од Македонија лажно се претставил како доктор и зел 270 илјади евра од осум семејства од Хрватска, пишува Дневник.хр. Тој го искористил најголемиот страв на родителите – можната загуба на дете, објаснува полицијата. Лажниот доктор на телефон се јавувал и велел: „Вашето дете е во опасност. Се случила трагедија или голема несреќа. Потребни […]

Пекинг: Арогантно е Тајван да се нарекува држава

„Арогантно и игнорантно“ е Тајван да се нарекува држава, реагира Министерство за надворешни работи на Кна по изјавата на министерот за надворешни работи на Тајван,  Лин Чиа-лунг, кој вчера изјави дека Кина нема овластување да одлучува дали Тајван е држава, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека со задоволство би се ракувал со својот кинески колега Ванг […]

Индија ја сопре водата од реката Инд за Пакистан

Пакистан нема да добива вода од реките врз кои Индија има права, изјави денеска индискиот премиер Нарендра Моди, еден месец по смртоносниот напад во индиски Кашмир што го натера Њу Делхи да го суспендира клучниот договор за поделба на речните води меѓу соседите, јавува Ројтерс. Суспендирањето на Договорот за водите на реката Инд и нејзините […]

Трамп: Путин верува дека победува, не сака крај на војната

Американскиот претседател им порачал на европските лидери дека рускиот претседател Владимир Путин не е подготвен да ја заврши војната во Украина бидејќи верува дека Русија во моментов победува на бојното поле, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ) повикувајќи се на извори запознаени со телефонскиот разговор. „Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не беше така, ќе […]

ЕУ ќе воведе по 2 евра такса за малите пратки, главно, од Кина

ЕУ планира да воведе фиксна такса од 2 евра за милијарди мали пакети што влегуваат во Унијата, главно од Кина, што е нов удар врз евтините онлајн трговци на мало како што се „Тему“ и „Шеин“. Комесарот за трговија, Марош Шефчовиќ, му соопшти на Европскиот парламент дека во вторник предложил такса за ракување за да […]

Трамп го прифати „боингот“- подарок од Катар

САД прифатија донирацијата од Катар, луксузен авион „боинг“ кој треба да биде дел од идната флота на „Air Force One“, предизвикувајќи бран критики – дури и меѓу блиските поддржувачи на претседателот Доналд Трамп. „Министерот за одбрана го прифати „Боингот 747“ од Катар во согласност со сите федерални закони и прописи“, изјави вчера портпаролот на Пентагон, […]

Македонија и Обединетото кралство потпишуваат Договор за стратешко партнерство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на средства од пет милијарди фунти за остварување на капитални проекти, ќе биде заверен денес во Лондон. Спогодбата ќе ја потпишат заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер […]

To top