Македонија

Во Битола одбележан денот на депортација на македонските Евреи во Треблинка

Договор за донација со ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола

Денес во Битола, во рамки на одбележувањето на 83 години од депортацијата на македонските Евреи, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија потпиша Договор за донација со ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола.

Донацијата е водена од идејата „Од живите – за живите“, а во спомен на децата кои Битола ги загуби, но со мисла за децата кои се тука денес.

„Минатото не можеме да го промениме, но имаме должност да ја градиме иднината со грижа, солидарност и човечност.“ – изјави Иван Николиќ | Ivan Nikolic, Претседател на Управниот одбор на ФХЕМ, на денешната посета на Домот.

Претходно, во Битола беше одбележана 83-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, со комеморативна програма посветена на сеќавањето и почитта кон жртвите.

Претставници на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) и Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ), заедно со претставници на дипломатскиот кор, институциите и бројни гости, оддадоа почит на жртвите преку комеморативна програма и полагање цвеќе пред спомениците во градот.


На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, заменик-министерката во Министерството за европски прашања Викторија Трајков, како и пратеничките Олга Лозановска и Бисера Костадиновска Стојчевска, соопштија од таму.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top