Свет

Сиљановска Давкова во Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката на Македонија од денеска престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што […]

Претседателката на Македонија од денеска престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциско.

Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

На 26 мај, понеделник, во Апостолската палата, Сиљановска-Давкова ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Потоа, во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

Во составот на македонската државно-црковна делегација којашто ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се предвидени Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Елена Кузмановска-Биондиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија; Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи; митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископ Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top