Колумни

За „Велтвохе“ „рибата од главата смрди’, а главата на ЕУ е Урсула Лаен“! ЕУ-судот пресуди за „Фајзергејт“, но како ќе се спречи „корупциската смрдеа“?!

Пишува: Свето Тоевски „Пресудата на Европскиот суд на правдата против претседателката на Европската комисија Урсула Лаен во аферата ‘Фајзергејт’ им обезбедува политичка муниција на  широк спектар на критичари. Оваа пресуда му нанесува голем срам на нејзиниот углед, со оглед дека сѐ се случи само неколку месеци, откако Лаен јавно вети дека ќе ги брани стандардите […]

Пишува: Свето Тоевски

„Пресудата на Европскиот суд на правдата против претседателката на Европската комисија Урсула Лаен во аферата ‘Фајзергејт’ им обезбедува политичка муниција на  широк спектар на критичари. Оваа пресуда му нанесува голем срам на нејзиниот углед, со оглед дека сѐ се случи само неколку месеци, откако Лаен јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и чесност во нејзиниот втор мандат.“ – нагласува хрватскиот аналитички портал „Геополитика.њуз“ во својата анализа објавена на 14 мај 2025 година со наслов „Се стега обрачот околу Урсула Лаен: Судот на правдата на ЕУ донесе пресуда со големи последици во аферата ‘Фајзергејт“.“ Во анализата со наслов „Токсична женственост на врвот на ЕУ: Урсула фон дер Лајен станува товар. Дипломатите бараат нејзино заминување“, објавена на 26 април 2025 година во швајцарскиот магазин „Велтвохе“, Филип Гут нагласува: „Рибата смрди од главата’, а главата на ЕУ е Урсула фон дер Лаен!“ Судот на ЕУ денес одлучи и сега е уште поважно како да се спречи натамошното ширење на „корупциската смрдеа“! Се случува парадоксална ситуација: Урсула Лаен веќе неколкупати во своите посети во Македонија во последниве четири години повикува на „борба против корупцијата“, а самата таа беше под истрага, поради сомнежи за корупција од највисоко ниво, кои се потврдуваат со пресудата на Европскиот суд на правдата. Ова е како народната поговорка „Фатете го крадецот“, ама парафразирана во „европска верзија“: Урсула Лаен среде Скопје гласно вика „Фатете го корумпираниот!“, а токму таа е сега „фатена како корумпирана“!

„Геополитика.њуз“ пишува: „Постоењето на текстовите – што Комисијата првично не го потврди – беше откриено во интервју, кое фон дер Лаен го даде за ‘Њујорк тајмс’ во 2021 година. Но, извршната власт на ЕУ му рече на судот во Луксембург за време на првичното сослушување минатата година дека нивната содржина не е доволно важна, за да се класификуваат како документи – па затоа тие не се регистрирани и достапни за објавување од новинарите. Во својата изјава Европскиот суд додаде: ‘Комисијата не може едноставно да изјави дека не ги поседува бараните документи, туку мора да даде веродостојни објаснувања, што ќе им овозможат на јавноста и на Судот да разберат зошто овие документи не можат да се пронајдат’.“

Празни и бескорисни објаснувања – голема срамота

Случајот беше правно незгоден за фон дер Лаен, бидејќи не само што таа лично го потпиша најголемиот договор за вакцини во ЕУ-блокот, туку и претседава со институцијата, задолжена за спроведување на правото на ЕУ, кое ги вклучува принципите на транспарентност и одговорност. Пресудата на европскиот суд  против Лаен обезбедува политичка муниција за широк спектар на критичари. Тоа е голем срам, со оглед на тоа што сѐ се случи само неколку месеци, откако Лаен јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и чесност во нејзиниот втор мандат. Случајот го покренаа ‘Њујорк тајмс’ и неговиот поранешен шеф на бриселското биро, кои поднесоа тужба во 2022 година против одлуката на Европската Комисија да не ги објавува текстуалните пораки.“

„Постоењето на пораките беше откриено во интервју за ‘Њујорк тајмс’ во април 2021 година: Бурла ја опиша размената на тие пораки како поттикнување ‘длабока доверба’ и олеснување на преговорите за значаен договор за вакцини. Овој договор, финализиран во мај 2021 година, вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарди дози од вакцината против Ковид-19 на ‘Фајзер-БиоНтех’, што е убедливо најголемиот од кој било друг договор, кој го има потпишано кога било Брисел.“ – објави „Геополитика.њуз“.

Урсула Лаен четири години вика низ Скопје „Фатете го корумпираниот!“ а самата е „фатена како корумпирана“!

Денес Општиот суд на Европската унија ја донесе својата одлука во врска со аферата „Фајзергејт“ и платените една милијарда евра за вакцините на „Фајзер“. Сега претстои целосно расчистување на вмешаноста и одговорноста на претседателката на Европската комисија Урсула Лаен во оваа крупна корупциска афера. Пред денешната одлука на Европскиот суд на правдата информативниот портал „Политико“ во својата анализа со наслов „Фон дер Лаен се соочува со критичен тест, бидејќи судот на ЕУ одлучува за тајните текстуални пораки од ‘Фајзергејт“ на 12 мај 2025 година имаше објавено: „Случајот е правно сложен за Лаен, бидејќи таа лично го потпиша најголемиот договор за вакцини во блокот, вреден милијарди евра, но и оти и претседава со институцијата, задолжена за спроведување на законите на ЕУ.“

Еве дел од клучните наводи во анализата на „Политико“: „Наследството на Урсула Лаен како претседател на Европската комисија ќе се соочи со голем предизвик, кога Европскиот суд на правдата ќе пресуди за тајните пораки, што ги разменила со директорот на фармацевтска компанија,  која потпиша договор за вакцини вреден милијарда евра со Брисел. Во пресуда што би можела да го одреди угледот на Урсула Лаен, Судот на правдата на Европската Унија ќе одлучи дали Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност, со тоа што одбила да ја објави содржината на нејзините текстуални комуникации со извршниот директор на ‘Фајзер’ Алберт Бурла.“

Одлуката во врска со случајот ‘Фајзергејт’ ќе има далекусежни последици врз начинот, на кој највисоките функционери на ЕУ работат зад затворени врати, Таа одлука би можела да фрли сенка врз вториот петгодишен мандат на Лаен на чело на Комисијата, кој започна на 1 декември лани. Случајот е правно незгоден за Лаен: таа не само што лично го одобри најголемиот договор за вакцини во ЕУ, вреден милијарди евра, туку и претседава со институција, задолжена за спроведување на законите на ЕУ, вклучително и за принципите на транспарентност и одговорност. Ако судот донесе пресуда против неа, тоа би можело да послужи како политичко оружје за многу нејзини критичари. Тоа би било и голем срам, со оглед на тоа што поминаа само неколку месеци откако таа јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и праведност во нејзиниот втор мандат. ‘Оваа судска одлука би можела да означи пресвртница за транспарентноста во ЕУ. Кога станува збор за клучни одлуки, особено оние што влијаат на јавното здравје, треба да се избегнува тајност.’, рече Шари Хиндс, службеник за политика на ЕУ во невладината организација ‘Транспаренси интернешенел’.“

„Договорот со ‘Фајзер’ беше финализиран во мај 2021 година и вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарди дози од вакцината на ‘Фајзер-БиоНТек’ против ковид-19. Тоа е убедливо најголемиот од сите договори потпишани од Брисел. Со него беше предвидена испорака на нарачаните 900 милиони дози до 2023 година, со можност за нарачка на уште 900 милиони дози. Но, притисокот врз Лаен расте дури и без врска со овој случај. Европскиот јавен обвинител, задолжен за истрага за сериозни финансиски кривични дела против финансиските интереси на ЕУ, во март 2025 година ја потврди истрагата и оти биле испрашувани претставниците на Европската комисија како се воделе преговорите за вакцините.“ – дополнува „Политико“ во споменатата анализа.

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ставови на која било политичка партија, ниту со уредувачка ориентација на ниеден медиум од Република Македонија)

Најнови вести од: Колумни

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top