Македонија

100 камиони песок, 1.000 тони вода за локализирање на пожарот во Трубарево

По голема активност во текот на денот и целата ноќ, можам да кажам дека успеавме во најголем дел да го локализираме огнот, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски

 

„Посипани се повеќе од 100 камиони песок, истурена е количина на вода од над 1,000 тони.

Останавме на терен целата ноќ. Најголема благодарност до пожарникарите, општествено – одговорните компании кои излегоа во пресрет со механизација, Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски кој лично координираше при постапувањето, МВР, институциите на Министерство за здравство и сите оние кои на било каков начин помогнаа“ напиша Стефковски во објава на Фејсбук и додаде:

Посебна благодарност до колегите Орце Ѓорѓиевски – Орце Георгиевски и Дејан Митески кои заедно со мене останаа на терен во текот на целата ноќ и ја покажаа својата солидарност и се вложија лично во справување со оваа состојба.

Активностите на терен ќе продолжат! – напиша Стефковски.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top