Македонија

45 жртви, а Спасовски си молчел: ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања за техничкиот преглед на автобусот на „Беса транс“

ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања кон пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврдејќи дека како прв човек на МВР правел злоупотреби наместо да ги спречува и дека профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на „Беса транс“, кој се запали во Бугарија, при што загинаа 45 македонски граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања кон пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврдејќи дека како прв човек на МВР правел злоупотреби наместо да ги спречува и дека профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на „Беса транс“, кој се запали во Бугарија, при што загинаа 45 македонски граѓани.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Спасовски е дел од, како што ја нарекуваат, групата предводена од Венко Филипче и Зоран Заев, за која тврдат дека била вклучена во криминални активности. Според партијата, Спасовски заработил кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи во 2021 година, како министер за внатрешни работи, не донел решение за одземање на овластувањето на станица за технички преглед во општина Сарај во законски предвидениот рок, и покрај предлогот од надлежните служби.

Со тоа, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, тој ѝ овозможил на таа фирма да се стекне со противправна имотна корист од над 90 илјади евра, односно околу 5,5 милиони денари. Партијата наведува дека Спасовски свесно молчел и не постапувал, дозволувајќи станицата за технички преглед да продолжи со работа и, како што велат, нелегално да остварува приходи.

Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека токму истиот технички центар извршил технички преглед и дал одобрение за автобусот на „Беса транс“ кој подоцна се запали во Бугарија, во една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија. Според нив, ова отвора сериозни прашања за одговорноста на тогашниот министер и за неговата улога во системот кој, наместо да ја гарантира безбедноста, ја загрозил.

Партијата оценува дека Спасовски ѝ должи одговори на јавноста, меѓу кои и дали земал пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед, колкава била таа корист и дали трагедијата со автобусот на „Беса транс“ воопшто ја разбудила неговата совест. Во реакцијата се наведува и дека СДСМ, доколку сака да функционира како сериозна политичка партија, треба да се дистанцира од, како што велат, лица кои се симбол на криминалот во нејзините редови.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top