Македонија

51-годишник од Рашче фатен со седум пиштоли и над 300 куршуми

Министерство за внатрешни работи

Полицијата објави дека уапсила лице од скопско, а при претрес во домот и возилото, пронајдени се пиштоли и муниција.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило мерцедес сопственост на Б.Х.(51) од селото Рашче,скопско при што се пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

 

 

Вечерва голема полициска акција, се апси во Рашче – Expres

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top