Македонија

Агелер е убедена дека во скандалот ИПАРД се вмешани многу други луѓе (ВИДЕО)

Агелер не објасни ниту дали зборот ,,сигурни” што го употреби за бројот на вмешани лица значи дека САД имаат и други информации за случајот

Амбасадорката на САД Ангела Агелер вчера го коментираше случајот ИПАРД при што истакна дека ја охрабрило неодамнешното апсење поврзано со злоупотребите на ИПАРД-фондовите, но нагласува дека одговорноста не може да се сведе само на една личност.

Сигурни сме дека не се работи само за една личност туку се се вмешани многу други луѓе, вели американската амбасадорка за ТВ21 која не откри од каде и се информациите за бројот на лицата кои според неа се вмешани.

Засега 4 лица се во ефективен притвор а едно лице е во домашен притвор.

Дали според Агелер бројот на инволвирани е многу поголем од 5 осомничени не е јасно од нејзината изјава.

Агелер не објасни ниту дали зборот ,,сигурни” што го употреби за бројот на вмешани лица значи дека САД имаат и други информации за случајот за кои обвинителство не зборува.

 

„Инвестиравме многу години и многу пари. Сега луѓето од оваа држава и оваа влада треба да се покажат на дело“, порача Агелер, додавајќи дека токму институциите треба да бидат двигателот на реформите, а не политичките препукувања.

 

Изјавата на Агелер за случајот Ипард на овој Линк

 

 

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top