Македонија

Ахмети: На средбата со албанскиот претседател Бегај ја нагласивме важноста на отстранувањето на границите, што ги разделуваат браќата од иста крв

На средбата во Тирана Бајрам Бегај и Али Ахмети се задржале поблиску на процесот на евроинтеграцијата на Албанија и на Македонија.

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај се сретна денес во Тирана со лидерот на ДУИ Али Ахмети. По средбата Бегај објави на фејсбук фотографија од средбата со кусо објаснување за што било разговарано. „Со Али Ахмети разговаравме за праведната војна на УЧК, за поддршката што ја имаше и која ја има и натаму од Албанците и нашите западни сојузници. Разговаравме за поблиска соработка, за зголемувањето на улогата на албанскиот чинител во регионот, за вредниот придонес што го дава албанскиот чинител во регионот, како и за поддршката, која Албанците насекаде во регионот му ја даваат на овој процес.“ – напиша Бегај во својата објава на општествената мрежа.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој замина во Тирана, за да присуствува на тамошниот „сеалбански протест за УЧК“ попладнево, заради поддршка под мотото ‘Правда за ослободителите“, напиша на својот фејсбук-профил: „Денес во Тирана, пред почетокот на националниот протест „Правда за ослободителите“, бев пречекан на топла и братска средба од претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај. Му честитав на претседателот Бегај за напредокот на Албанија на нејзиниот пат кон европската интеграција, нагласувајќи дека е од животна важност и С.Македонија да оди покрај Албанија во овој процес. Патот до Брисел е национално стратегиско патување, кое ги зајакнува регионалниот мир, развој и соработка. Двете наши земји мора да одат една до друга кон заедничката европска иднина.“

„На средбата ја нагласивме важноста на зајакнувањето на регионалната стабилност, забрзувањето на интеграцијата во Европската Унија и отстранувањето на границите што ги разделуваат браќата од иста крв, кои во обединета Европа треба да се трансформираат во мостови што ги обединуваат народите.“ – наведе Ахмети преку фејсбук.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

To top