Македонија

Ахмети повикува на протест во Скопје за осудените водачи на ОВК: „Правда за ослободителите“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави голем протест во Скопје на 13 декември 2025 година под мотото „вистина и правда за водачите на ОВК“, кои во моментов се судат пред Специјалниот суд во Хаг за наводни воени злосторства.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави голем протест во Скопје на 13 декември 2025 година под мотото „вистина и правда за водачите на ОВК“, кои во моментов се судат пред Специјалниот суд во Хаг за наводни воени злосторства. По митинзите во Приштина и Тирана, Ахмети повикува албанскиот народ и во Македонија да излезе на улица и да го одбрани „праведниот карактер на борбата на Ослободителната војска на Косово“.

„Плоштадот Скендербег во Скопје ќе биде моќниот глас на граѓаните кои бараат правда за нашите ослободители“, напиша Ахмети на англиски јазик на својот профил на Фејсбук.

„Војната на Ослободителната војска на Косово беше и останува праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за борците за слобода не може да се гради врз политички обвинувања, измислици и измислени докази од страна на Србија и Русија. Како што стоевме рамо до рамо со борците на ОВК во Приштина и Тирана, така ќе стоиме и во Скопје, горди, решителни и непоколебливи во одбрана на нашата вистина, објективната вистина“, се наведува во објавата.

Премиерот Христијан Мицкоски остро го критикуваше овој потег и директно го повика Ахмети да се откаже од протестот. Според него, настанот нема да има широка поддршка и ќе го изолира лидерот на ДУИ на политичката сцена, особено во пресрет на партискиот конгрес. Мицкоски оцени дека протестот е дел од внатрешните пресметки во ДУИ и предупреди дека може да предизвика нови тензии.

„Според информациите со кои располагаме, на протестот би можеле да се приклучат организирани групи од Косово и Албанија, како и неколку помали радикални структури од нашата земја. Не очекувам поддршка ниту од коалицијата ‘Вреди’, ниту позитивен сигнал од меѓународната заедница“, изјави Мицкоски.

Од друга страна, претставници на здруженијата на поранешни борци на ОВК/УЧК од Косово веќе го потврдија своето доаѓање. Протестот е закажан за сабота, 13 декември, со почеток во 13 часот и со најавен марш до плоштадот „Скендербег“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top