Македонија

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, а за укинување на техничката влада да се консултираат ЕУ и САД

„Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната заедница, меѓународниот фактор и партнерите кои се коавтори на текстот за Пржинската влада – ЕУ и САД.“ – посочи Ахмети.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со праг од пет проценти и со отворени листи. Во врска со идејата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада, тој потенцира дека треба да се консултираат со ЕУ и САД.

Во врска со измените во Изборниот законик, Ахмети потенцира дека тие ги презентирале своите предлози. -Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5 проценти и со отворени листи. Сега ова прашање останува за понатамошни дискусии – рече лидерот на ДУИ.

Околу прашањето за обезбедување двојно мнозинство за избор на Народен правобранител, Ахмети кажа дека побарал дополнителни консултации. -Не се направени потребните консултации, туку дејствата биле преземени произволно, а консензуалната демократија има свои правила. Она што останува е координаторите на пратеничките групи да бараат решенија и дополнителни консултации за тоа како може да се реши ова прашање – нагласи Ахмети.

За законите за „Безбеден град“, за кои потребно е Бадентерово мнозинство и се блокирани од „Европскиот фронт“, предводен од ДУИ, Ахмети нагласи дека координаторите на пратеничките групи останува да се сретнат и да изнајдат решение.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top