Македонија

АХВ забранува небезбедна увозна храна за доенчиња

Дел с транските производи се реекспортирани преку Аулони СХПК, Република Косово

Агенцијата за храна и ветеринарство објави дека операторот со храна ДПТУ Нестле Адриатик Македонија со седиште на Бул.8-ми Септември бр.16 дел центар Хипериум Скопје врши отповикување на следниве небезбедни производи:

NAN LACTOSE FREE NLNWB333 12х400гр. RO

-Лот 51520346АЕ

-Рок на траење 30.06.2027

NAN CONFORT 1 LR DENWHSPB290 6х800гр. ES

-Лот 52620742F2

-Рок на траење 31.07.2027

Причина за отповикувањето – присуство на цереулид продуциран од Bacillus cereus во формула за доенчиња со потекло од Холандија и Германија.

„ По спроведен инспекциски надзор на операторот (увозник) врз основа на добиена нотификација преку RASSF window системот на ЕУ за пласиран небезбеден производ, утврдено е дека на пазарот во РСМ не се пласирани производи од наведената нотификација.

Производите од двата наведени лота се реекспортирани преку Аулони СХПК, Република Косово.

Во врска со Ваша нотификација со референтен број 2025.9962 присуство на цереулид продуциран од Bacillus cereus во формула за доенчиња со потекло од Холандија и Германија утврдено е:Операторот ДПТУ Нестле Адриатик Македонија со седиште на Бул.8-ми Септември бр.16 дел центар Хипериум Скопје има увезено производ NAN LACTOSE FREE NLNWB333 12х400гр. RO со Лот 51520346АЕ рок на траење 30.06.2027, во три увоза и тоа на 21.08.2025, на 23.09.2025 и на 27. 10.2025 со вкупна количина 174 картони од по 12 парчиња по 400гр.истите се реекспортирани во Аулони СХПК, Косово

Производот NAN CONFORT 1 LR DENWHSPB290 6х800гр. ES со Лот 52620742F2 рок на траење 31.07.2027 увезени се на 25.11.2025 во количина од 9 кутии од по 6 парчиња по 800гр. истите се реекспортирани во Аулони СХПК, Косово. Приложени документи за движење на посочените производи. На пазарот во РСМ нема пуштено во промет производи од наведената нотификација – се појаснува во соопштението на АХВ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

Владата се спрема за кризна состојба поради скапото гориво – Ќе има мерки за да не поскапи струјата

Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Експрес. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.

Матоши се заканува: Ако не го зачува Уставниот суд духот на Охридскиот договор, ќе ги поттикне Албанците на граѓанска непослушност и организирање, заради одбрана!

„Уставниот суд на С. Македонија треба да го зачува духот на Охридскиот договор и меѓуетничката кохезија на државата, а не да ги следи фрустрациите на македонските националистички партии. Таквиот пристап би можел да ги поттикне Албанците во С.Македонија да се организираат до ниво на граѓанска непослушност како форма на одбранбена реакција!“ – наведува поранешниот пратеник и генерален секретар на ДПА Ружди Матоши во својата колумна со наслов „Што прават албанските судии во Уставниот суд?“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија ќе имаат до април 2027 прво туристичко вештачко езеро! Проектот е веќе реализиран 70 отсто!

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, при што источниот регион наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро, кое ќе има повеќекратна намена – туризам, наводнување и водоснабдување. ва го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните активности.

To top