Македонија

Ајдари: Ќе го блокираме Законот за фер и соодветна застапеност

Бараат пак „етнички клуч“ и етничката припадност да може да се потврди врз основа на името на поединецот кое се наоѓа на личната карта или во друг официјален документ

Членот за етничка припадност е неприфатлив вели пратеничката од Европскиот фронт, Рина Ајдари, која најави дека пратеничката група ќе се спротивстави на Законот за фер и соодветна застапеност со сите механизми предвидени со Деловникот на Собранието, а паралелно ќе предложи и амандмани за негово подобрување.

Во интервју за централните вести на Алсат, Ајдари рече дека Европскиот фронт ќе биде посветен на блокирање на законот, оценувајќи дека нема доволна правна основа.

Ајдари објасни дека амандманите ќе послужат за да се расправа пред јавното мислење какви промени му се потребни на законот за да биде функционален и во согласност со целта што ја прогласи Владата.

„Ќе го блокираме законот со сите механизми што ни ги дозволува деловникот на Собранието, ќе го блокираме, но ќе интервенираме со амандмани. Ќе ги натераме да се расправаат пред јавноста што навистина му е потребно на овој закон за да биде вистински како што го прогласува и како што го продава оваа Влада.

Законот нема правна основа и ова е многу јасно. Ќе интервенираме“.

„Постои одредба, тоа е одредба 6 од овој закон во кој се вели дека етничката припадност, декларирањето на етничката припадност ќе се врши доброволно, меѓутоа, етничката припадност ќе може да се потврди врз основа на името на поединецот кое се наоѓа на личната карта или во друг официјален документ…“ вели пратеничката на Европскиот фронт, Рина Аајдари.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top