Македонија

Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани ние (ВИДЕО)

Сега да гледаме напред

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со порака дека неговата влада била избрана затоа што е тешко и дека било што било и сега треба да се гледа напред.

,,Навистина, долго време граѓаните го чекаа. Практично до ова место кај што и официјално го отворивме овој прв дел од делница од Врбјани до Охрид, до Кичево има уште околу дваесетина километри. Од тунелите, оттаму е веќе завршен автопатот, до Кичево остануваат седумнаесет километри.

Два километри се тунелите кои што се скоро завршени и остануваат петнаесет километри од излезот на тунелите до Кичево. Охрид има шест косини или свлечишта кои што се во атарот на селото Ботун.

Проблемите да ги оставиме во минатото, било што било. Сега да гледаме напред. Граѓаните не избраа да ги решаваме тие проблеми. Ако беше лесно, немаше сигурно да бидеме ние.

Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија”, објави Мицкоски.

Видеото од автопатот на линкот

https://x.com/MickoskiHM/status/1944649906716610613?t=jR_CaIcw9pjkoENYf-KdSQ&s=19

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top