Македонија

Активистот Бесар Лимани излезе од ДУИ и советот на огранокот во Теарце, со повик и другите да не бидат заложници на интересите на клановите во ДУИ

Информативните портали на албански јазик во Македонија известуваат дека ова е само најновиот случај во низата заминувања членови и активисти од ДУИ, кои ѝ се приклучија на коалицијата Вреди.

„Продолжува бранот на заминувања од редовите на ДУИ во селската општина Теарце во тетовскиот регион. Активистот Бесар Лимани од селото објави неотповиклива оставка од членството во на ДУИ во подогранокот во Пршовце и од советот на ДУИ во огранокот во Теарце, со цел да се приклучи на опозициската коалиција Вреди.“ – објавија информативниот портал „Тетово1.мк“ и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Натаму „Тетово1.мк“ пишува: „Се придружувам со убедување кон визијата на Вреди и на д-р Амир Елези. Ги охрабрувам сите пријатели и содејци, кои сè уште остануваат заложници на теснокланските интереси во ДУИ, да ѝ се приклучат на Вреди како нова надеж за промени и развој во нашата општина Теарце.“ – порача Лимани.

Ова е најновиот случај во низата заминувања активисти од ДУИ, кои ѝ се приклучија на Вреди, зајакнувајќи ја нејзината база во општина Теарце. – објави порталот.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top