Македонија

Активни пожари на неколку локации во Македонија

РЦУК – Скопје, известува дека пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат. Исто така БППЗ на Град Скопје имала и една интервенција поради запалена сува трева на ул.Малешевска во нас.Драчево (Општина Кисела Вода). Од 112 добиена е пријава за пожар на сува трева во близина на авто плац ЕНЗО на булевар Босна и Херцеговина. […]

РЦУК – Скопје, известува дека пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат. Исто така БППЗ на Град Скопје имала и една интервенција поради запалена сува трева на ул.Малешевска во нас.Драчево (Општина Кисела Вода).

Од 112 добиена е пријава за пожар на сува трева во близина на авто плац ЕНЗО на булевар Босна и Херцеговина. Известени се БППЗ на Град Скопје.

Од 112 добиена е пријава за пожар во Долно Лисиче, м.в.Чаталот (Општина Аеродром). Известени се БППЗ на Град Скопје

РЦУК – Битола, известува дека пожарот кој што започна во 16:23 часот на ден 28.06.2025 година во атарот на с.Бешиште, во близина на границата со Република Грција е активен.

Според последните информации добиени од ЈП НШ „Црн Бор“ – Прилеп, пожарот е приземен во уредена шума со бор, даб и бука. Пожарот е поделен на два краци и тоа: Првиот крак е према кај м.в.Уров во атарот на с.Бешиште и Вториот крак е према с.Градешница (Општина Новаци).

Пожарот е на многу непристапен терен за гаснење и дополнителна потешкотија за гаснењето претставува постојаните детонации од заостанати гранати (НУС) од предходните војни. Во моментов на лице место има 4 вработени од ЈП НШ со 1 возило.

РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Свети Николе од околу 11:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат поради пожар во атарот на с.Ерџелија (Општина Свети Николе) каде гори сува трева и стрниште. Во моментов пожарот е локализиран.

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, до 11:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена сува трева и грмушки на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на Неготинска Петља.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top