Македонија

Аларм: Речиси секој втор Македонец пуши цигари, односно околу 45% од населението

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, истакна дека секој закон кој е во насока на заштита на добросостојбата на граѓаните заслужува поддршка. Повод за неговите изјави беше прашањето дали се планира состанок со претставниците на угостителската дејност во врска со најавениот закон против пушење.

Речиси секој втор возрасен граѓанин во Македонија редовно пуши цигари, или околу 45 отсто од населението, што е алармантна бројка и речиси двојно повисока од просекот во Европската Унија. Загрижуваат и податоците дека тутунските производи сè почесто стануваат дел од секојдневието на децата и младите, со што пушењето прераснува во еден од најсериозните јавно-здравствени, но и економски проблеми.

Во таков контекст, државата најавува нов, значително поригорозен Закон за заштита од пушењето, кој предвидува построги ограничувања за местата каде што може да се пуши, рекламирање на цигарите и, генерално, за достапноста на тутунските производи.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, истакна дека секој закон кој е во насока на заштита на добросостојбата на граѓаните заслужува поддршка. Повод за неговите изјави беше прашањето дали се планира состанок со претставниците на угостителската дејност во врска со најавениот закон против пушење.

  • “Новиот закон кој се однесува на забраната за пушење е во делокруг на надлежностите на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд,” нагласи Ристески.

Тој додаде дека “дефинитивно ќе се одржат средби со угостителите, како и со други засегнати страни, со цел тие, пред сè од страна на Министерството за здравство, да бидат информирани за новиот закон.”

  • “Сметам дека треба да постои поддршка за секој закон кој пред сè го заштитува здравјето на нашите сограѓани и дека треба постепено законската рамка да ја усогласиме и прилагодиме на европските законски норми,” одговори Ристески.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top