Македонија

Алармантни проекции: Македонија за четири години изгубила над 33.000 жители

Додека државата размислува за немажените девојки да плаќаат данок, вработените мајки ќе добиваат поврат на данок на личен доход за прво и второ дете, а сите жени ќе можат да добијат бесплатно ин витро оплодување, најави министерот Фатмир Лимани.

Кога се зборува за демографските трендови, предизвици и можни решенија, нее лесно да се најде вистински збор. Дека демографскиот аларм е вклучен, предупреди Владата, бидејќи Македонија за четири години има изгубено 33 илјади жители – како еден град од големина на Кавадарци и Кичево. Со цел да се спречи овој негативен тренд, каде бројот на починати со години наназад е поголем од бројот на новородени деца, Владата размислува да преземе низа мерки – а една од нив е и воведување на данок за немажени и неженети.

  • „Знаеме дека нема магично решение. Но, има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети“, рече Мицкоски.

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени неодамна, во 2024 година, се родиле 16.061 дете, а починале 20.201 лице, што е природен пад од 4.140 луѓе за само една година; „Во последните 4 години, изгубивме повеќе од 33.000 жители – како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5‰ во 2010 година на само 8,8‰ во 2024 година. Во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение. Сè повеќе луѓе живеат сами. Сè помалку се женат, сè помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири“, вели премиерот.

Проценките се дека бројот на население во земјата во наредните години може да се намали и за 35 проценти. Проекциите на Државниот завод за статистика укажуваат дека до 2070 година може да дојде до енормно намалување на населението на 1.3 милиони лица.

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top