Македонија

Албанската опозиција го исвирка „говорот“ на Диела, виртуелната „министерка“ – Бериша ќе ја носи пред Уставен суд

Владата на Албанија е првата во светот, која има „министер“, што не постои во вистински, човечки облик, и со тоа се создаваат нови дилеми околу соодносот меѓу вештачката интелигенција и човечкиот род: до каде ќе оди сево ова? Дали може и колку вештачката интелигенција да им служи на луѓето и да биде под нивна контрола, или можеби таа ќе ги преземе нив под своја контрола, до толку што можеби во некоја држава и „премиерот“ ќе го „именува“ вештачката интелигенција, а министрите ќе бидат од редовите на човечкиот род?!

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, создадена од вештачка интелигенција, „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот Еди Рама. Но уследија исвиркувања од опозицијата.

Диела, која беше најавена од Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки во тендерите за јавни набавки. Тогаш Рама напомна дека тендерите „ќе бидат 100 проценти без корупција, а секој јавен долар, доставен во тендерскиот процес, ќе биде целосно транспарентен“.

Именувањето на виртуелниот министер ја налути опозицијата. „Целта е само да се привлече внимание.“ – посочи поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, Обвинет е и тој за корупција. „Неможно е да се ограничи корупцијата со Диела. Кој ќе ја контролира Диела? Таа е неуставна. Демократската партија ќе го однесе ова прашање во Уставниот суд.“ – предупреди Бериша.

Виртуелната „противкорупциска министерка“ Диела „рече“ дека Уставот зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација. „Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности подеднакво ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе.“ – „укажа“ Диела.

Рама го прекина „говорот“ на Диела, поради исвиркувањата од опозицијата, но програмата на неговата влада, сепак, беше одобрена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top